411
Демонстрантите како и претходните денови, протестот го започнаа пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, а од таму се упатија кон Собранието на Република Македонија.
„Сојузот на борци на Македонија” се приклучија на протестите и маршираа во првите редови. Тие скандираат „Нема правда нема мир” и „Оставка”.
Граѓаните ја поминаа улицата која води кон Центарлниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, која целосно беше затворена со полициски кордон.
Дел од демонстрантите носат беџови „Слобода за Здравко”, членот на партијата „Левиа” кој утрово беше уапсен поради учество во протестите.