Софтверска компанија ќе го спонзорира Работнички

by fokus

Софтверската компанија „Сивус“ ќе биде нов генерален спонзор на македонскиот прволигаш Работнички. По потпишувањето на договорот, претседателот на клубот, Драган Поповски не го криеше задоволството од ваквата соработка.

„Огромно задоволство е да ја имаме компанијата „Сивус“ за генерален спонзор на ФК Работнички. Се надеваме дека ова е првиот и мошне значаен чекор за една долгогодишна и плодна соработка, со која клубот ќе се издигне на повисоко ниво. Веруваме дека еден така докажан партнер во бизнисот ќе има значајна улога и во растот на фудбалскиот клуб Работнички во сите сегменти. Сакаме да се заблагодариме за подадената рака и веруваме дека заеднички можеме да направиме многу за нашиот клуб. Нашата стратегија останува иста, максимална поддршка и развој на младинската фудбалска академија, како и аспирации за освојување на трофеи во сениорска конкуренција“, вели претседателот на ФК Работнички, Драган Поповски.

Поврзани новости