Софтверската компанија „Сивус“ ќе биде нов генерален спонзор на македонскиот прволигаш Работнички. По потпишувањето на договорот, претседателот на клубот, Драган Поповски не го криеше задоволството од ваквата соработка.
„Огромно задоволство е да ја имаме компанијата „Сивус“ за генерален спонзор на ФК Работнички. Се надеваме дека ова е првиот и мошне значаен чекор за една долгогодишна и плодна соработка, со која клубот ќе се издигне на повисоко ниво. Веруваме дека еден така докажан партнер во бизнисот ќе има значајна улога и во растот на фудбалскиот клуб Работнички во сите сегменти. Сакаме да се заблагодариме за подадената рака и веруваме дека заеднички можеме да направиме многу за нашиот клуб. Нашата стратегија останува иста, максимална поддршка и развој на младинската фудбалска академија, како и аспирации за освојување на трофеи во сениорска конкуренција“, вели претседателот на ФК Работнички, Драган Поповски.