Софиска ЦСКА настапила со допингуван фудбалер против Македонија ЃП

by fokus

Фудбалерот на ЦСКА Софија, Георги Јомов, настапил допингуван на реванш натпреварот на домашен терен против Македонија Ѓорче Петров во рамки на 2. квалификациско коло во Конференциската лига, објави денеска бугарскиот прволигаш.

Натпреварот во кој ЦСКА ја совлада Македонија ЃП со 4-0 и се квалификува во следната рунда беше одигран на 28 јули во Софија, а УЕФА го известила бугарскиот клуб за позитивниот наод неколку часа пред реваншот на ЦСКА против швајцарски Базел одигран во четвртокот.

Софискиот клуб во клупското соопштение отфрли каква и е да одговорност за случајот со Јомов.

– Сите витамини кои ги добиваат фудбалерите во тимот се од светски сертифицирани брендови и медицински одобрени. Земањето други супстанции надвор од програмата на клубот е строго забрането, се наведува во соопштението на ЦСКА, која со вкупен резултат 2-1 беше елиминирана во плејофот од Базел и остана без пласман во групната фаза во Конференциската лига.

Поврзани новости