1.3K
Последниве два месеци на Детската клиника во Скопје се регистрирани две деца со симптоми слични на Кавасаки синдромот.
Ова за Фокус го потврдува докторката Аспазија Софијанова која е шеф на Одделот за интензивна нега и терапија на Клиниката за детски болести откако Светската здравствена организација побара да се истражи новиот синдром кој се појавува кај децата, кој не е исклучено да е поврзан со ковид 19.
Софијанова вели дека едното дете било на осумгодишна, а другото на петгодишна возраст. Тие се извлекувани и се дома веќе. Децата имале осип на кожата кој се повлекол за една недела.
-Но сметам дека симптомите слични на Кавасаки болеста беа последица од контакт со новиот корона вирус, иако тие немаа класичен симптоми на КОВИД-19, вели Софијанова.
Децата имале температура, но, не многу висока и немале наод на белите дробови. Едното дете било тестирано на ковид 19, и тестот бил негативен.