Софијанова и официјално сменета, нова директорка е Катерина Ставриќ

by fokus

Аспазија Софијанова е сменета од директорското место на Клиниката за детски болести, а на нејзино место е назначена Катерина Ставриќ. Министерот Арбен Травари потврди дека го потпишал решението за нејзино назначување.

-Мислам дека таа е најдобар избор, стабилна е коректна, си ја знае работата, рече Таравари.

Освен неа назначени се уште девет нови директори  на Институтот за трансфузиологија, на Максилофацијална хирургија, на Клиника абдоменална хирургија, како и во болниците во Битола, Кавадарци, Велес, Крива Паланка, Кратово и Виница. Министерот не сакаше да ги открие имињата на останатите директори за кои ги поптпишал решенија се до се до утрешниот ден кога официјално ќе ги соопшти.

Поврзани новости