Софијанова: Британскиот сој се шири кај децата, најмалиот пациент е бебе старо еден месец

by fokus

Директорката на Детската клиника, д-р Аспазија Софијанова, вели дека од пред два дена Клиниката функционира како ковид центар за деца, бидејќи е утврдено дека новиов сој ги и напаѓа децата, па затоа вниманието мора да е свртено сега повеќе кон нив.

-Направивме цела реорганизација, целиот трет кат, па и четвртиот кат е Ковид центар. Бројот на дечиња позитивни на Ковид кај нас е 21 дете, со родител, сите се во посебни соби. Месец и половина е најмалото бебе позитивно на Ковид. Мајката е позитивна, па откривме дека и тоа е позитивно. ТБЦ вакцината го качува имунитетот кај децата, изјави Софијанова за Студио 10 на ТВ24.

Ноќеска, како што вели, прегледале 12 позитивни деца.

-Ноќеска прегледавме 12 деца сите позитивни, примени се четири. Одлучуваме кое дете го примаме, а кое има полесна слика и може да се лекува во домашни услови. Ова најверојатно е британскиот сој, такво брзо ширење не даваше Сарс Ков 2. Асимптоматскиот дел сега има и симптоматски манифестации, алармира Софијанова.

Поврзани новости