Софија Куновска: Човек од црна листа на САД не може да продолжи да биде градоначалник!

by Fokus

„Премиерот можеби не може да делува на Рамиз Мерко и да го принуди да поднесе неотповиклива оставка, но макар и на вербално ниво, мора да има став јасен како ден по тоа прашање, дека човек од црна листа не може да продожи натаму на чело на единица на локална самоуправа како и до вчера“.

Ова е ставот на актерата Софија Куновска, поранешен висок функционер во СДСМ, искажан на социјалната мрежа Фејсбук.

Според Куновска, замрзнувањето на партиските функции на Мерко треба да ни испрати порака дека партијата не смее да си го руши угледот и да трпи штета во партиските редови од несовесното поведение на истиот, за разлика од местото во државата на кое тој може слободно да си продолжи како и до вчера со делувањето иако е веќе личност од црната листа на САД осомничен за тешки злоупотреби.

„Тоа што државата губи углед и што материјалната штета е на сметка на граѓаните, актуелната власт не ја интересира. За тоа дали премиерот треба и Републичкиот јавен обвинител да го повика да си понесе одговорност има уште некој ден на располагање. Па тој нека го повика следниот по него за кој смета дека е одговорен и така натаму до крај“ вели Куновска.

Поврзани новости