Софија ќе биде првата дестинација на шефот на дипломатијата

by fokus

Шефот на дипломатијата Бујар Османи најави дека во петок заминува во официјална посета на Бугарија на средба со неговата колешка, Екатарина Захариева. Тоа ќе биде прво негово патување како шеф на дипломатијата во странство и според него, тоа претставува порака сама за себе.

– В петок одам во официјална посета на Бугарија каде средбата со мојата колешка Захариева, ќе биде првата моја билатерална официјална средба како министер за надворешни работи и очекувам да испратиме пораки на пријателство, на заемна поддршка и во насока на заедничкиот интерес за европската иднина на целиот регион. Оваа посета претставува и исполнување на првиот приоритет од мојата мандатна мисија како предводник на дипломатијата, а тоа е активен придонес во одржувањето и унапредувањето на добрососедските односи, порача Османи.

Тој изрази очекување дека на средбата ќе стане збор за сите прашања, како што рече, во поддршка на создавање услови за непречена работа на Мешовитата експертска комисија дури и во време на рестриктивните мерки на пандемијата.

Поврзани новости