Софија и Атина ќе преговараат за изградба на нова нуклеарна централа во Бугарија

by fokus

Бугарскиот вицепремиер и министер за финансии, Асен Василев, за Нова ТВ изјави дека Софија и Атина почнуваат преговори за изградба на нова нуклеарна централа во Бугарија што ќе ја користи Грција според долгорочен 20-годишен договор.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Василев, дејствијата ќе бидат преземени многу брзо, под услов да има купувач за произведената струја.

- Advertisements -

Бугарија веќе учествува во терминалот за течен гас во Александрополис, рече Василев, додавајќи дека Софија е во преговори со Атина и има поддршка за Бугарија да учествува во самото пристаниште, за да има трговски излез кон Егејското Море.

Василев посочи и дека Грција и продаде 40 отсто од дополнителниот гас на Бугарија, што не го користи и покрај тоа што нејзиниот енергетски систем е на гас. Тој увери дека бугарските власти имаат планови и подготовки за избегнување на енергетската криза во земјата.

Поврзани новости