Премиерот Димитар Ковачевски упати сочувство до турскиот народ за загинатите во денешната експлозија во Истанбул.
-Упатувам длабоко сочуство до братскиот турски народ, до семејствата на загинатите, до градоначалникот на Истанбул и до турскиот претседател по денешната експлозија во срцето на Истанбул, напиша Ковачевски на Твитер.
Претседателот Стево Пендаровски попладнево изрази сочуство до семејствата на загинатите во експлозијата во Истанбул, до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и до турскиот народ.
-Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот Ердоган и турскиот народ во овие тешки мигови по денешната стравична експлозија во Истанбул. На повредените им посакувам брзо закрепнување, напиша Пендаровски на Твитер.
Жена бомбаш самоубиец стои зад експлозијата во Истанбул во која загинаа најмалку шест лица, а 81 се повредени, соопштија турските власти.
Експлозијата се случи во централното градско подрачје во улицата Истиклал.