Сочувство од челниците на ЕУ за смртта на јапонскиот премиер

by Fokus

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе беше застрелан рано изутринава за време на неговите предизборни активности. Челниците на ЕУ изразуваат сочувство.

Шефот на ЕУ дипломатијата, Жозеп Борел, ја нарече веста трагична и остро го осуди убиството на шефот на јапонската влада.

– Денеска Европската Унија изгуби пријател кој помогна да се продлабочат и зајакнат билатералните односи во сите области, работа која ќе продолжи со премиерот Кишида, изјави Борел.

Тој го нарече Шинзо Абе „непоколеблив сојузник во потрагата по мир, демократија и владеење на правото“.

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, преку Твитер порача дека никогаш нема да го разбере бруталното убиство на овој голем човек.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, исто така на Твитер изрази сочувство нарекувајќи го Абе „прекрасен лик, голем демократ и шампион на мултилатералниот поредок на светот“.

Поврзани новости