600
И покрај најавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека ќе се врати во Собранието, опозициските клупи и на денешната седница се празни. Претседателот на Собранието, Талат Џафери на почетокот на седницата прочита речиси половина од пратеничката група на опозицијата дека се спречени да присуствуваат на седницата, но таму ги немаше ни останатите пратеници.
На дневен ред се најдоа Предлог законот за семе и саден материјал, како и предлог законот за електронско управување, но на една од четирите седници во собраниска процедура влегуваат и закони поврзани со правосудството.