Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска на пратенички прашања го праша премиерот Димитар Ковачевскиза тоа дали смета дека во Македонија се живее добро и дали е време за оставка и предвремени парламентарни избори.
Тој посочи и дека народот е во депресија токму поради политиките на актуелната власт, а тоа го решаваат „со иселување“.
-Нема ден да нема нови протести. Како доаѓаат земјоделските продукти, така сите се жалат. Корупцијата цвета, а земјата нема јасни планови за економијата. Никој не знае дали ќе има парно греење оваа зима во Скопје“, порача Николовски.
На ова со одговор се јави и Ковачевски кој смета дека нема потреба од предвремени парламентарни избори.
Според него, тие имаат Влада која се грижи за достоинството на граѓаните без разлика на етничка и верска припадност.