351
Собраниската седница за разрешување на републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски, се одложува за петти јуни.
Пред две недели, Собранието го прими предлогот од Владата за разрешување на Зврлевски. Во документот се наведуваше дека се бара негово разрешување, поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно извршување на функцијата.
-Со своето однесување и дејствување Зврлевски покажа оти не е способен за извршување на функцијата, а се бара негово разрешување и поради неподнесување на барање за покренување на кривична постапка за случаи предвидени со закон и за нарушување на угледот на функцијата – стои во предлогот.
Претходно, за разрешување на Зврлевски зелено светло даде и Советот на јавни обвинители.