Собраниската седница за избор на новата Влада продолжува утре во 12 часот

by fokus

По неколкучасовна расправа заврши денешната собраниска седница за избор на новата влада на СДСМ И ДУИ.

Пратениците ќе се соберат повторно утре во 12 часот, кога прв говорник треба да биде пратеникот од мнозинствто, лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов.

Утрешната седница ќе трае 12 часа, вклучително со паузите, затоа што на полноќ треба да биде избран вториот кабинет на Зоран Заев.

Поврзани новости