Собраниската расправа ќе продолжи утре во 11 часот

by fokus

Претседавачот Трајко Вељаноски за утре во 11 часот закажа продолжението на собраниската седница.

Денешното продолжение на конститутивната седница се одвиваше според веќе видено сценаријо – се редеа реплики, контрареплики, обвинувања на разни теми. Пратениците расправа за се освен за темите од дневниот ред – формирање на Комисијата за избори и именувања и избор на претседател.

Неизвесно е до кога ќе трае политичкото надмудрување во Собранието додека земјава одбројува три месеци без нова влада и собраниски спикер.

Поврзани новости