Собраниската комисија ги усвои измените на Кривичниот законик, одат на пленарна седница

by Fokus

Собраниската Комисијата за европски прашања денеска го проследи во натамошна постапка предлогот на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка.  Законските измени се на дневен ред на 125. седница на Собранието.

Предложените измените на Кривичниот законик главно се однесуваат на измени на членови кои ги засегаат функционери, службени и одговорни лица во јавни претпријатија и установи, а се предлагаат и измени на кои се однесуваат на загрозување на животната средина.

Предложените законски измени пред членовите на комисијата ги образложи заменик мистерката за правда Викторија Аврамовска – Мадиќ, која рече е да се обезбедат јасни, прецизни и цврсти описи на кривичните дела и дека предлог-измените ќе доведат до проширување на опфатот на дела за кои ќе се предвидува конфискација.

За предлог-измените реагираа опозициските партии, но не поднесоа амандмани.

.

Поврзани новости