Собраниска седница за францускиот предлог во четврток

by Фокус

Пратениците денеска биле информирани дека седницата на чиј дневен ред ќе биде Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка ќе се одржи во четврток во 13 часот.

Владата, според барањата од вчерашната координација во Собранието, попладнево достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година, соопшти собраниската прес-служба.

Документите, како што посочуваат од Собрание, се доставени до сите пратеници.

Поврзани новости