Собраниска комисија за именувањето на директорот на АНБ, Бојан Христовски

by Fokus

Во Собранието за денеска е закажана седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање со единствена точка на дневен ред – Информација за незаконското именување на директор на АНБ поднесена од пратеници од опозициската СДСМ.

Неговото именување е спорно за пратениците на СДСМ. Според опозициската партија Владата не ги почитувала одредбите од законот во кој се пропишани условите за избор на директор на АНБ.

Како што велат, Христовски нема соодветно стекнато образование, лице кое при реформата не го поминало ветингот поради негова претходна инволвираност во незаконски дејствија на УБК. Исто така, беше наведено и дека Христовски има лажен сертификат за англиски јазик.

Сепак, премиерот Мицкоски уверуваше дека Христовски ги исполнува сите услови и ја повика Антикорупциска да истражи дали има нерегуларности.

Поврзани новости