Собранието треба да ги констатира оставките на Џафери и на Ковачевски

by Fokus

На денешната седница во Собранието се очекува да бидат констатирани оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието Талат Џафери.

Се очекува да биде избран и новиот претседател на законодавниот дом, Јован Митрески, актуелен координатор на пратеничката група на СДСМ.

Ковачевски и Џафери оставките ги поднесоа вчера како вовед на изборот на техничката влада на 28 јануари, сто дена пред парламентарните избори на 8 мај. Со Владата ќе раководи Џафери како технички премиер.

Се очекува Митрески да биде избран за претседател на Собранието. Врз основа на Деловникот, за претседател на Собранието е избран кандидатот што добил мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. По изборот и свечената заклетва, Џафери ќе му ја предаде функцијата на Митрески.

Поврзани новости