609
Собранието вчера склучи договор вреден 38.000 евра за одржување на собраниската опрема.
Случајно, набавката се поклопи со периодот кога пратеникот Арбер Адеми направи инцидент во Собранието, фрлајќи предмети и кршејќи дел од собраниската опрема.
-Одржување, сервисирање и поправка на аудио, видео, конференциска опрема и опрема за симултан превод во Сала 3,5,6,7,8,9,10 и Голема сала, се наведува во склучениот договор, денеска објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки.
Носител на набавката е Друштво за трговија и услуги АВЦ ГРОУП ДОО Скопје.