444
Откако спикерот Талат Џафери ја продолжи денешната седница за разрешување на Марко Зврлевски и по 18 часот, таа траеше до 21:30. Тогаш беше прекината, а нејзиното продолжување е закажано за во петок.
И по 18 часот пратениците од ВМРО-ДПМНЕ продолжија со бесконечни реплики меѓу себе.
Во процедурално обраќање Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара од претседателот на Собранието Талат Џафери да ја прекине денешната седница и да сочека да го добие известувањето дали со расправата се криши Изборниот законик или не, за, како што рече, да не се кршат процедурите, на што Џафери одговори дека се работи согласно Уставот и Деловникот на Собранието.