Нова свечена сала во Собранието беше отворена синоќа.
– После шест години, денес, конечно можеме со гордост да истакнеме дека најобемната и најсложената реконструкција, надградба и доградба на Собранието на Република Македонија е завршена. Три парламентарни состави поминаа во знакот на изведувањето на овој исклучително сложен и по обем огромен градежен зафат – истакна во кусото обраќање претседателот на парламентот Трајко Вељаноски.
Собраниската зграда е проектирана согласно највисоките стандарди.
– На идните генерации им оставаме репрезентативен објект кој ја претставува гордоста на Македонија, објект со површина поголема од 18.000 метри квадратни во кој верувам ќе се реализираат безброј значајни проекти за нашата земја, опремен со најсовремена технологија, со изградени нови простории за работа на службата, на новинарите и на пратениците, како и со реконструирање на постојните простории – рече спикерот Вељаноски.
Објектот на Собранието е изграден во 1938 година.
Фото: МИА