Собранието нема да има активности за време на изборната кампања за да нема злоупотреба на говорницата

by Fokus

Собранието нема да има активности во текот на изборната кампања за да се спречи евентуална злоупотреба на говорницата, соопшти кабинетот на претседателот на Законодавниот дом, Јован Митрески.

Како што се наведува, пратениците ќе имаат активности до крајот на месецов.

„Собранието ќе има активности до крајот на март имајќи предвид дека кампањата за претседателските избори почнува на 4 април, а потоа следува и кампања за пратеници за изборите на 24 април и 8 мај“ соопштија од кабинетот на Митрески.

На средбата со претседателите на пратеничките групи во Собранието биле разгледувани законите што се во постапка, а за кои ќе има услови за второ читање да се разгледуваат на седницата што треба да се одржи следната недела.

„Седницата најверојатно ќе се одржи на 27 или на 28 март“ додаваат од кабинетот на спикерот.

Се разговарало и за некои законски решенија кои се во постапка, а за кои е неопходно дополнително усогласување меѓу пратеничките групи.

На координатиовниот состанок не биле присутни претставници на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости