Интерпелацијата за работата на претседателот на Собранието Африм Гаши не беше прифатена.
По жестоката дебата меѓу пратениците, 72 гласаа против, а 21 пратеник гласаше „за“.
Интерпелацијата за Гаши беше поднесена од пратеничката група на Левица. Поддршка за интерпелацијата даде опозициската СДСМ, додека против беа ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери „Вреди“ и Движењето ЗНАМ. На гласањето пратениците на ДУИ не присуствуваа во салата, кои претходно рекоа дека нема ја поддржат интерпелацијата и покрај што имале забелешка за работата на Гаши.
Во образложението за интерпелацијата од Левица беше наведено дека собранискиот спикер работел нестручно, неуставно, неделовнички и дека ја повредил секуларноста на државата, бидејќи дозволил извршување на верски обреди на една од седниците на комисиите.