Собранието на република Македонија го прифати предлогот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се формира анкетна комисија за случајот со злоупотребата на терапија на Клиниката за онкологија и радиотерапија.
Денес 20 пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доставија своерачно потпишан предлог за основање на собраниска анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Клиника за радитерапија и онкологија. Собранието го прифати предлогот за утврдување на политичка и друга одговорност.
-Анкетната комисија ќе ја сочинуваат шест пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, пет на СДСМ, два на ДУИ и еден на Алијанса за Албанците.
Комисијта ќе ја утврдува хронологијата на настаните и околностите и дали биле повредени правата на пациентите лекувани во оваа Клиника.
За своите наоди ќе ги известува Владата, Јавното обвинителство и Комицијата за спречување на корупцијата. Секој сведок или експерт кој ќе биде повикан од Комисијата има обврска да ги презентира своите сознанија, а доколку смета може да побара затворена седница.
Комисијата најдоцна по еден месец од завршувањето на својата работа ќе треба да му поднесе конечен извештај на Собранието.
Собранието ќе формира анкетна комисија, откако Јавното обвинителство отвори истрага за наводите дека дел од вработените на Клиниката терапијата место да им ја даваат на пациентите ја препродавале.