Собранието ја прекина седницата, ќе продолжи утре

by fokus

Собранието попладнево ја заврши расправата по шест точки од 126. седница, но за нив ќе гласа дополнително на некое од нејзините наредни продолженија.

Пратениците ја завршија расправата по Предлогот за именување на директор и на заменик на директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Според предлогот директор на Агенцијата треба да биде Пламенка Бојчева.

Завршена е и расправата и по Предлогот за избор на директор и заменик директор на Агенцијата за заштита на личните податоци. За директор е предложен Имер Алиу, а за заменик на Дирекцијата Игор Кузевски.

Пратениците ја завршија расправата и  за Предлогот Агим Рушити да биде директор на Агенцијата за квалитет во високото образование и Суад Бајрами за член на Комисијата на Агенцијата за пошти, како и за предлозите за изменување на Одлуката за именување претседател, потпретседател, членови и заменици на Националниот совет за евроинтеграции, Предлог програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности во 2020 година, како и за Предлог законот за ратификација на спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Франција која се однесува на средните училишта со франкофонски двојазични паралелки.

На дневен ред на оваа седница има 125 точки. Расправата по нив потпретседателот на Собранието Горан Мисовски ја закажа за утре.

Поврзани новости