Со 57 гласа „за“ и 12 гласа „против“ Собранието денеска го усвои предлогот по скратена постапка да се донесе одлуката за да се одложи примената на Законот за трговија на зелени пазари, по скратена постапка. Одлуката следува откако претходно изгласаните одредби предизвикаа гнев кај пазарџиите, меѓу другото и поради тоа што се предвидуваше обврска за пазарџиите да плаќаат лиценца од 60 евра.
Пратеникот од ДУИ, Ејуп Алими, ја образложи одлуката и рече дека со ова им се дава повеќе простор на пазарџиите и Владата да се усогласат.
– Во средбите со трговците во зелените пазари видовме за сходно да се одложи имплементацијата на законот се додека се договориме, и да се подготват трговците да се спроведе законот – рече Алими.
Измените предвидуваат за три месеци да се одложи донесувањето на подзаконските акти, регистрацијата на пазарџиите да започне да се применува од 1 јануари 2020 година, до тогаш пак организаторите на зелените пратеници треба да го усогласат своето работење согласно законските одредби.