На денешната седница претседателот на Собранието, Талат Џафери најпрво објасни зошто се доцнело со седницата и рече дека за тоа ќе има целосен извшетај, а потоа ја констатираше оставката на досегашниот министер за локална самоуправа, Горан Милевски.
Џафери информира и дека Милевски нема да ја образложи оставката.
-Имам обврска да соопштам дка пради технички проблеми и преоптовареност на системот за управување со пленарните седници беше неопходно одложување на седницата за што ќе има и посебен извшетај, рече Џафери.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски се јави процедурално за збор. Реагираше и го праша Џафери како може да ја дополнува седницата со нови точки од дневниот ред кога веќе била закажана, а референдуми или иницијативи поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, како што напомена, чекаат на преводи по 20 до 30 дена и не може веднаш да бидат ставени на седница.
Претседателот на Собранието Талат Џафери во текот на седницата информира и дека Владата ги повлече измените на Законот за енергетска ефикансост.
Пратениците дадоа и поддршка за измените на законите за заштита на децата и за финансиска поддршка на ранливите категории граѓани за полесно справување со енергетската криза. Пред нив се вкупно 34 точки, меѓу кои и избор на нов министер за локална самоуправа, како и на двајца судии во Уставниот суд и донесување закони со кои може да се реализираат антикризните мерки.