Собранието го усвои ребалансот на Буџетот

by Фокус

Собранието денес го усвои Ребалансот на Буџетот за 2022 година. Вкупните приходи се проектирани на ниво од 245,8 милијарди денари, а вкупните расходи на 288,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е планиран на ниво од 42,7 милијарди денари, односно 5,3 отсто од БДП, што е пониско во однос на минатата година.

Со ребалансот, како што соопшти Министерството за финансии, се обезбедуваат средства за раст на пензиите и платите во одделни дејсноти во јавниот сектор, за ранливите категории на граѓани, средства за фирмите за поддршка на растот на платите во приватниот сектор, дополнителни средства за земјоделците за повисоки приноси и стабилизирање на цените на храната, како и за нови антикризни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и заштита на стопанството од шоковите од тековната ценовна криза.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, образложувајќи го Ребалансот на Буџетот во Собранието, посочи дека тој треба да постигне две важни цели – да се одржи макроекономската стабилност, што е од суштинско значење за понатамошниот раст и развој на секоја економија и да се поддржи економијата за враќање во претпандемиското ниво, како и социјалната сигурност на граѓаните.

Поврзани новости