Собранието го донесе Законот за ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија. За законот се произнесоа 66 пратеници, од кои 61 пратеник гласаше „за“, а еден беше воздржан.
Воздржано гласаше независниот пратеник од коалицијата на СДСМ, Ферид Мухиќ. Тој рече дека договорот не е симетричен и дека Владата на Република Македонија плаќа цена со него.
-Вообичаено е договорите за пријателство, добрососедство и соработкја да бидат правени врз принципите на реципроцитет и да бидат симетрични. Овој договор не спаѓа во таа стандардна форма, не е граден врз принципите на реципроцитетот и не е симетричен. Во неколу клучни точки отстапува од тоа. Ова треба да се спомене, значајно е да се нагласи дека македонската страна, односно оваа Влада, прават напори кои излеуваат од стандардот, кои не се вообичаени и со тоа ја нагласуваат својата способност да одат подалеку. Тоа е нешто што е многу значајно. Она што се добива со овој договор има и свој цена. Цената е во гестот на македонската власта, кој е крупен и поради тоа јас ќе гласам воздржано – рече Мухиќ.