658
Собранието го изгласа Законот за Агенцијата за национална безбедност. И покрај полемиките на владејачкото мнозинство, сепак сите гласаа „за“ овој закон.
Министерот Спасовски истакна дека законот е добар и додаде дека се прави важна реформа во тајните служби.
И опозициските пратеници на ВМРО-ДПМНЕ го поддржаа овој закон, заедно со независната пратеничка група.