Собранието го изгласа адвокатот на Верушевски за член на Советот на јавни обвинители

by fokus

Собранието го избра Ангеле Илиевски за член на Советот на јавни обвинители. На денешната седница во Собранието „за“ гласаа 59 пратеници од присутните, а еден беше воздржан. Немаше гласови против.

Илиевски е адвокат, кој беше дел од одбраната во случајот „Пуч“, каде обвинети беа екс шефот на УБК, Зоран Верушевски, и актуелниот премиер, Зоран Заев.

За член на Советот на јавни обвинители, Собранието денеска го избра и адвокатот Ангел Солев.

По овие предлози немаше расправа во Собранието и пратениците директно преминаа на гласање.

Претходно за нов уставен судија беше избран Насер Ајдари.

 

Поврзани новости