Собранието го избра спорниот Хисен Џемаили за министер за домашни инвестиции

by fokus

Собранието на денешното продолжение на 110. седница го избра Хисен Џемаили за министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија. Неговиот предлог за министер наиде на реакции во јавноста, бидејќи тој беше еден од обвинетите во хашкиот предмет „Мавровски работници“.

Хисен Џемаили е роден 1976 година и живее во Тетово, каде во 1994 година завршува средно образование во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. Во 2000 година се стекнува со диплома професор по географија и историја на Универзитетот „Луиѓ Гуракуќи“ во Скадар, Албанија, а во 2011 година и магистер по Менаџмент на животна средина, на Институтот за животна средина и здравје при Југоисточниот европски универзитет во Тетово. Од 2012 година работи на докторски студии на отсек одржлив развој на Еуропиан Универзитетот во Тирана.

Зборува албански (мајчин јазик), македонски и англиски јазик, од компјутерски вештини работи Ворд, Ексел и Пауер поинт, како и статистички програми, интернет и друго.

Работи како редовен асистен професор на Универзитетот во Тетово, на катедрата по Географија од 2012 година.

Од 2013 до 2017 година е претседател на Совет на општина Тетово, а од 2008 до 2011 година е пратеник во Собранието. Од 2007 до 2008 година работи како раководител на Сектор за инспекциски надзор при Комуналниот инспекторат во Општина Тетово.

Поврзани новости