Македонското Собрание попладнево во рамки на 104. седница со 62 гласа „за“ и ниту еден против или воздржан ги разреши замениците министри за одбрана, Башким Асани, за земјоделство, шумарство и водостопанство, Абдулшуќур Абедини и за образование и наука, Љуљзим Алиу.
Премиерот Димитар Ковачевски за заменици министри ги предложи Тирон Јајага за одбрана, Викторија Аврамовска Мадиќ за правда, Вјолца Бериша за земјоделство, шумарство и водостопанство, Маја Манолева за здравство и Агим Нухиу – за образование, наука и спорт.
Образложувајќи го својот предлог, тој истакна дека со изборот на новите заменици министри се заокружува реконструкцијата на Владата.
Ковачевски, меѓудругото, пред пратениците зборуваше и за постигнувањата на оваа Влада на економски план во состојба на криза и за отворањето на преговорите со ЕУ.
„Пред нас е исклучително важен период кој повикува на одговорност“ рече премиерот, потенцирајќи дека „Владата е отворена за разговор со сите кои сакаат да ја поддржат европската перспектива на земјата“.