Собранието ги донесе законските измени за помали казни за злосторничко здружување

by fokus

Собранието попладнево експресно ги донесе измените на Кривичниот законик со кои значително се намалуваат  казните за различните облици на кривичното дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“  од најмалку 3 години затвор на казна од една до четири години затвор, како и казната од членот 394 „Злосторничко здружување“ до 10 години, на казна до 3 години.

За измените „за“ гласаа 48 пратеници, а против беа „36“. Воздржан беше еден пратеник.

Во образложението на законските измени, покрај останатото, владата навела дека целта е усогласување на Кривичниот законик со меѓународните документи, како и дека предлогот на законот се заснова врз истите начела врз кои се заснова Кривичниот законик.

„Веќе подолг временски период се изготвува новиот Кривичен законик. Во него посебно внимание е посветено на усогласувањето со меѓународните стандарди, а посебно со актите на Европската Унија“, навела Владата.

Поврзани новости