396
Собранието попладнево едногласно ги донесе измените на Кривичниот законик со кои се предвидуваат воведување санкции за фалсификување и нелегално продавање билети за Супер купот во Скопје.
Како што објасни Томислав Тунтев, еден од предлагачите, измените и дополнувањата се заради усогласување со правилата за успешна организација на овој настан, а за да се спречи фалсификување и нелегална продажба на билетите, а поради тоа што досега не било законски утврдено.
Илија Димовски, од ВМРО-ДПМНЕ, кој исто така е еден од потписниците на предлогот, рече дека ќе ги поддржат измените и истакна дека секој предлог што е корисен ќе биде поддржан од опозицијата, а кон се она што е штетно ќе имаат поинаков однос.