Собранието ги донесе измените на Законот за потрошувачи: маркетите сега ќе мора да ги објават цените на производите на интернет

by Fokus

Маркетите од сега ќе мораат да ги објавуваат на интернет цените на производите како дел од измените на Законот за заштита на потрошувачите, кои што денеска ги усвои Собранието.

Законските измени беа поднесени од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои очекуваат поголема транспарентност на цените во маркетите, подобрена конкуретност и намалување на цените.

Oд ВМРО-ДПМНЕ велат дека граѓаните сега ќе можат да одберат каде ќе ги трошат нивните. Велат дека во наредниот период сигурни се дека ќе има намалување на цените.

Со овој закон со објавување на цените на сите поединечни производи на веб страната и на рафтовите од страна на трговците, потрошувачите ќе ги споредуваат цените и со тоа ќе бидат подобро информирани за тоа кој производ колку чини кај кој трговец.

Законските измени предвидуваат и глоби за трговците кои ќе постапат спротивно на одредбите од овој закон и на одредбите за овластувањата што ги имаат државните пазарни инспектори.

Поврзани новости