434
Собранието ги усвои измените на Изборниот законик со што локалните избори ќе се одржат на 15 октомври, а мандатот на сегашните градоначалници и советници им се продолжи до изборот на нови.
На денешната расправа и гласање во Собранието не присуствуваа пратениците на опозиционата коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, поради, како што рече пратеникот Влатко Ѓорчев, обидот за убиство на поранешниот пратеник и министер за здравство Никола Тодоров.