Ана Бранковиќ Јовановиќ (31) е девојката која е жртва на вооружен напад кој се случи во Чикаго, а за кој известија светските медиуми.
Девојката е од Скопје, а во нападот смртно бил застрелан Србинот Никола Мишовиќ (30). Напаѓачот Џереми Спајсер (31) од Арканзас се самоубил, а Ана била повредена и згрижена во болница.
Пукањето се случило во просториите на компанијата, а за убиството е обвинет колега на убиениот кој работел во истата компанија. По кратката полициска потера, убиецот се самоубил.
Од вчера на социјалните мрежи е актуелна донаторска акција, организирана од роднини на девојката, и се собираат финансии за лекување.
Како што е појаснето, потребни се околу 200.000 долари, а за помалку од 12 часа се собрале над 70.000 долари.
-Ана Бранковиќ Јовановиќ е жртва на вооружен напад, беше нападната на работно место од страна на претходен вработен и стекна повреди на три места. Погодена е на три места, рамо, колк и во нога.
До сега успешно и се направени две операции и следува подолг период на рехабилитации и оздравување. Ни треба вашата помош за да можеме ги подмириме болничките трошоци. Ви благодариме-пишува во апелот.
Вики Клинчарова