Откако на крајот на месец август, скопјанката Марија Андова побара помош за да добие протеза за раката, таа информираше дека се собрани потребните 7.000 евра.
На Марија, прстите и дланката и се неподвижно, но со набавувањето на протезата, нејзиниот живот ќе биде многу полесен и подобро ќе функционира.
Таа преку социјалните мрежи се заблагодари на сите луѓе кои донирале за да може да го добие своето помагало.
„Сакам да се заблагодарам на сите мои пријатели, пријателите на моите пријатели, соработници, роднини, блиски и далечни, другар(к)и од школските клупи и сите јавни личности и нивните следбеници, fb групи, медиуми и портали кои допринесовте средствата за донација да се соберат и да ми овозможат исполнување на целта, набавка на протеза со мускулна електростимилација за рака од 7000€. Им се заблагодарувам и на операторите од Телеком и А1 и нивните фондации за соработката и се разбира, на оваа платформа, преку која се одвиваше процесот на споделување и донирање. Наскоро одам да си ја земам протезата. Се чувствувам како добитник на Оскар на сцената“, порача Андова.