Вкупно 1,15 милијарди евра за помош на Албанија се собрани на меѓународната донаторска конференција „Заедно за Албанија“, соопшти во Брисел, европскиот комесар за проширување Оливер Вархеј.
Донаторската конференција се одржува за помош на Албанија, која на 26 ноември беше погодена од силен земјотрес, во кој загинаа 51 човек, а илјадници останаа без покрив над главата. Освен претставници на ЕУ, на конференцијата учествуваа и партнерите на Албанија од Западен Балкан, претставници на меѓународни организации, како на ОН и Светската банка, земји кои не се дел од Европа.
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека сумата за обнова на неговата земја по ноемврискиот земјотрес собрана на донаторската конференција вчера во Брисел многу ги надминала сите очекувања.
По завршувањето на донаторската конференција Рама и изрази голема благодарност на претседателкaта на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
„И 40 насто од собраната сума би бил успех – ова е волшебно“, изјави Рама.