529
На улицата „Аминта Трети“ во Скопје вчера вечерта околу 20.40 часот бил украден автомобил марка „БМВ“ додека сопственикот бил во продавница. Крадецот се уште и е непознат на полицијата.
Според МВР сторителот го искористил невниманието на оштетениот, додека 31-годишниот О.М. бил во продавница. Возилото било покрирано покрај тротоарот и работело со клучот на бравата. Крадецот влегол во него и незабележан од никого го напуштил местото на настанот.
На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 900.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.