Соборен рекорд – во Бразил измерени 44,8 степени под сенка

by Fokus

Во Бразил е забележана највисоката температура под сенка – 44,8 степени Целзиусови.

Рекордот беше постигнат во неделата во градот Арасуаи, во југоисточната бразилска држава Минас Жераис, јави Би-Би-Си.

Претходниот рекорд од 44,7 степени Целзиусови беше измерен во 2005 година.

Поради топлотниот бран, ширум Бразил е на сила црвена метеоролошка тревога, еден месец пред почетокот на летото на јужната хемисфера.

Потрошувачката на електрична енергија во Бразил достигна рекордни нивоа поради употребата на клима уредите.

Просечната температура во Бразил беше над историскиот просек од јули до октомври оваа година.

Од топлотниот бран беше зафатен и Перу, каде беа измерени 39 степени.

Поврзани новости