Непочитувањето на мерките за спречување на ширењето на ковид-19 во тетовскиот регион придонесе за создавање на три нови кластери со заболени.
Специјализантот по епидемиологија, Наим Скендери, од Центарот за јавно здравје во Тетово вели дека собирањето во групи e една од причините за ширењето на вирусот.
„Денеска имаме 10 нови случаи во Тетово и околината. Од нив се повеќето луѓе што биле во контакт со заразено лице но има и нови кластери, што е најголемиот ризик јавувањето на нови кластери со тоа бројката ќе се зголемува. Имаме три нови кластери, а вкупната бројка беше околу 25 кластери. Општините Тетово и Боговиње со селата ги имаат најголемиот број од случаите“, рече Скендери.
Тој посочи дека луѓето не треба да се релаксираат и да се придржуваат до мерките бидејќи вирусот сè уште е тука.
„Ситуацијата во Тетово и околината епидемиолошки не е добра поради тоа што граѓаните за жал не ги почитуваат мерките кои се дадени од Министерство за здравство и Институт за јавно здравје. Периодот што следи нашиот апел ќе продолжи да биде каков што бил порано, да нема собирање на групи, да нема идење на фамилијарни посети и задолжително носење на маски и социјална дистанца меѓу луѓето. Исто така, да не се собираат како што гледаме во градот голем број луѓе пред банки, пошти“, додаде Скендери.