Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО од утре се состануваат во Брисел да разговараат за ескалацијата на војната во Украина и потребата да се наполнат залихите на оружје на сојузниците.
Утре и задутре во седиштето на НАТО ќе се одржи првиот министерски состанок по руската анексија на украинските територии и зголемениот ризик од нуклеарна конфронтација меѓу Русија и Западот.
Со нападите на Русија врз бројни украински градови од вчера и експлозијата на кримскиот мост, Западот оцени дека конфликтот ескалира и дека поддршката за Украина ќе се зајакне и ќе трае додека е потребно.
Ова го потврди попладнево и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
-Ќе ја зголемиме поддршката за Украина за да можат да продолжат да се бранат и да ги ослободат териториите од руска окупација, Украина се наоѓа во нагорен момент и продолжува да добива додека Русија се врти кон ужасни напади врз цивили и критична инфраструктура – рече Столтенберг.