Со зурли и тапани Трифун Костовски го ожени синот!

by fokus

Бизнисменот и поранешен градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, го ожени најмалиот син Филип. Тој сподели детали за свадбената забава, која се одржала според традиционалните обичаи, со повеќе од 350 гости.

Како што истакна, традиционалните македонски обичаи ги чествувале во софиситицирана атмосфера.

Го дочекав денот кога и мојот најмал син Филип стапи во брак со прекрасната Софија Кузмановска. Свадбата беше организирана согласно традиционалните обичаи на нас, Македонците од православна христијанска вероисповест.

Зурли и тапани во мојот дом, во домот на семејството Кузмановски кога по старите обичаи моравме да ја „купиме“ невестата и да продолжиме со венчавка во црквата Пресвета Богородица.

Чин кој што силно ме возбуди и ме врати во некои дамнешни времиња. Јас ја почувствував привилегијата на обичаите мои, Македонски да бидат повторно чествувани, ама овој пат во нова цивилизирана и софистицирана атмосфера- истакна Костовски.

Додава дека регистрацијата и свадбата во присуство на повеќе од 350 гости се одржале во винаријата Камник.

-Посакувам секој од вас мои пријатели да го доживеете овој чин кој ќе ве врати во младоста и ќе ве просветли во животот. Мудроста меѓу нас повозрасните доаѓа токму од животот и искуството на животниот пат кој сме го поминале. Да се радуваме на секој божји ден кога има веселби, венчавки, крштевки- порача Костовски.

Вики Клинчарова

Поврзани новости