Со зиплајнот ќе се поврзат Калето и чаршијата со Градски парк, велат од Град Скопје

by fokus

Советниците на Град Скопје денеска ќе гласаат за предлог одлуката на градоначалникот, Петре Шилегов, од каде до каде да се протега адреналинската жичница, или попозната како зиплајн. Град Скопје предвидува почетната точка на зиплајнот да биде под Музејот на современа уметност, да оди преку реката Вардар и да заврши на кејот на реката Вардар во непосредна близина на градскиот стадион.

„Целта на овој проект е да им овозможи на граѓаните на Град Скопје спортско-рекреативна содржина како и да овозможи развој на алтернативниот туризам преку кој ќе се стимулира развојот на туристичката понуда преку а се со цел збогатување на туристичката понуда во градот Скопје“, посочуваат од Град Скопје.

Од таму додаваат дека особено внимание при изборот на локацијата е посветен и на изборот на местоположбата

„Односно помеѓу останатото се предвидува со овој проект да се поврзат скопското Кале и старата скопска чаршија како културно-историски амбиенти со музејот на Современа уметност и градскиот парк“, велат градските служби.

Инаку од кабинетот на Шилегов во март минатата година најавија дека ќе почнат со изградба на адреналинската жичница, која треба да биде нова туристичка атракција на Скопје. Зиплајнот ќе биде во должина од 400 метри, ќе биде опремен со соодветна безбедносна опрема и систем за кочење со кој ќе се регулира брзината на движењето. Со него ќе стопанисува ЈСП „Скопје“ или приватен концесионер, а се очекува изградбата да чини помеѓу 2 и 3 милиони денари.

Поврзани новости