Со ,,Зелени сили” Македонија оди на Јуниорска Евровизија

by Fokus

Две девојчиња и две момчиња од емисијата ,,Дајте музика” ќе ја претставуваат Македонија на 19-то издание на Јуниорската Евровизија кое ќе се одржи на 19-ти декември во концертната сала „La Seine Musicale“ во Париз, по победата која Валентина лани и ја донесе на Франција.

Кристина, Анастасија, Миха и Филип се нашите претставници, кои ќе настапат со песната ,,Green forces”(Зелени сили).

Минатиот месец од Јавниот радиодифузен сервис МРТ соопштија дека решиле да го искористат правото на интерна селекција и избор на претстaвник на оваа престижна манифестација, согласно со актуелната состојба од пандемијата на Ковид-19 и воведувањето на новите заштитни мерки и протоколи.

Околу изборот на песната, информираа дека на неа ќе работат композитори кои веќе соработуваат во проектот и добро ги познаваат вокалните и артистичните капацитети на децата од шоуто.

Кој стои зад избраната песна, како и повеќе детали за настанот кој ќе се одржи наредниот месец не се објавени од страна на јавниот сервис.

Вики Клинчарова

Поврзани новости